Top Sport

Заврши првата фаза во ЛШ, познати се учесниците во осмина-финалето

Ждрепката за осмина-финалето во Лигата на шампионите ќе биде извршена во понеделник, во Нион, со почеток во 12 часот.

Носители на ждрепката ќе бидат победниците во групите, тие првите натпревари ќе ги играат на гостински терен. Во оваа фаза не можат да се сретнат клубови од иста земја, како и клубовите кои играа во иста група.

Првите натпревари ќе се играат на 16. и 17., односно 23. и 24.февруари, а реваншите на програмата ќе бидат на 9. и 10., односно 16. и 17.март.

Финалато ќе се одигра на 29.мај, на Олимпискиот стадион во Истанбул.

Носители: Баерн, Реал, Манчестер сити, Ливерпул, Челси, Борусија Дортмунд, Јувентус, ПСЖ

Го освоија второто место: Атлетико Мадрид, Борусија Менхенгладбах, Порто, Аталанта, Севилја, Лацио, Барселона, Лајпциг

Продолжуваат во Лига Европа: Салцбург, Шахтјор, Олимпијакос, Ајакс, Краснодар, Бриж, Динамо Киев, Манчестер јунајтед

Ја завршија европската сезона: Локомотив Москва, Интер, Марсеј, Митјиланд, Рен, Зенит, Ференцварош, Башкшехир.

Scroll to Top