Top Sport

Заврши сезоната за Марсел Забицер

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Марсел Забицер, ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната поради повреда на коленото, објавија од клубот.

Австрискиот репрезентативец пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари од Баерн Минхен на шестмесечна позајмица. Сепак, откако го повреди коленото и го оштети менискусот, јасно е дека тој ќе биде надвор од терените за последните три натпревари на „црвените ѓаволи“ во сезоната или финалето на ФА Купот следниот месец.

„Сите во клубот се разочарани што ќе останеме без услугите на Марсел во последните и најважни натпревари во сезоната“, се вели во официјалното соопштение на Манчестер Јунајтед.

Од пристигнувањето во Англија, Марсел Забицер забележа 18 настапи и постигна три гола во дресот на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top