Top Sport

Заврши сезоната за Ројс

Капитенот на Борусија Дортмунд Марко Ројс не играше против Шалке минатиот викенд, а ќе го пропушти и натпреварот против Волфсбург. Ројс ги повредил препоните додека траеше паузата која настана поради коронавирусот.

„Билд“ пренесува дека повредата е сериозна и дека најверојатно за него сезоната е завршена.

Оваа сезона тој одиграл 26 натпревари и постигнал 12 голови.

Борусија до крајот на сезоната ќе се бори за титулата со Баерн Минхен. Баварците на табелата се лидери со четири поени повеќе од клубот од Дортмунд.

Scroll to Top