Тотенхем ја завршија долгата потрага за менаџер, откако вечерва потврдија дека Португалецот Нуно Еспирито Санто, поранешниот прв човек на Вулверхемптон е новиот лидер на тимот.
Иронично, Жозе Мурињо, кој доби отказ минатата сезона, е заменет од неговиот ученик, Нуно, откако претходно не успеаја да се договорат со Јулијан Нагелсман, Брендан Роџерс, Пауло Фонсека, Ханси Флик, Џенаро Гатузо и Антонио Конте.
Еспирито Санто, кој замина од Вулфс на крајот на минатата, сезона преговараше со Евертон и Кристал палас ова лето, а сега добива двегодишен договор во северен Лондон. Тој е вториот именуван тренер во Премиер лигата денеска, откако Евертон го потврдија доаѓањето на поранешниот тренер на Ливерпул, Рафа Бенитез.
„Кога имате тим со квалитет и талент, мора да ги направите фановите горди и да уживаат во играта на тимот. Огромно задоволство и чест е што сум тука и едвај чекам да почнам со работа. Нема време за губење и веднаш ќе почнеме со работа“, изјави Нуно.
✍️ Welcome to Tottenham Hotspur, Nuno Espírito Santo.#WelcomeNuno
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) June 30, 2021