Неверојатна приказна доаѓа од данскиот клуб Виборг. Челниците поднеле тужба против фудбалер кој пристигнал како засилување за лажно претставување.
Пред неколку недели Виборг објавиле дека потпишале договор со Бернио Верхаген. Меѓутоа проценките дека тој ќе биде засилување биле погрешни.
На првиот тренинг било забележливо дека не бил талентиран за фудбал. Инаку челниците на Виборг го потпишале Верхаген откако претходно гледале видео-лента со негови потези. По првиот тренинг им станало јасно дека фудбалерот што дошол кај нив не е Бернио Берхаген.
Виборг го раскинале договорот со фудбалерот и случајот го пријавиле во полиција. Верхаген ќе треба да одговара за фалсификување на документи.
Во неговата биографија пишува дека кариерата ја започнал во Вилем Втори и дека играл за Остерхут, ТСЦ, Ден Дунген, Динамо-Суто, Кејп Таун сити и Аудакс Италиано од Чиле.