Top Sport

„Здодевно е само Барса и Реал да ги земаат трофеите“

Ветеранот Ариц Адуриз истакнува дека кариерата би сакал да ја заврши со трофеј во дресот на Атлетик Билбао. Атлетик неодамна успеа да ја елиминира Барселона во четврт-финалето на Купот, а шансите за трофејот им се зголемија бидејќи од Купот испадна и Реал Мадрид.

Атлетико Билбао во последните десет години три пати играа во финалето на националниот Куп и секогаш губеа од Барселона.

„Новиот формат според кој се игра Купот не ја намалува вредноста на трофејот. Здодевно е веќе Барселона и Реал да ги освојуваат сите трофеи. Убаво е што ова натпреварување сега е динамично. Слично е како во Англија. Ваков формат сакаат навивачите. Долго време го сонувам овој трофеј. Замислите кога оваа сезона би се пензионирал со трофеј. Тоа би било остварување на сништата“, рекол Адурз.

Атлетик утре во првиот полу-финален меч ќе ја пречекаат Гранада, реваншот на програмата ќе биде на 5 март.

В четврток својот прв натпревар ќе го одиграат Реал Сосиедад и Мирандес. Реваншот помеѓу овие два тима е на 4 март.

Scroll to Top