Top Sport

Звезда ги префрли Човиќ и Кузмиќ во ФМП

Кошаркарите на Црвена звезда Огњен Кузмиќ и Филип Човиќ сезоната ќе ја завршат во филијалата на овој клуб ФМП Железник. Тие за ФМП ќе можат да настапат и на претстојниот завршен турнир во Купот на Србија.

Филип Човиќ, минатата сезона беше еден од клучните играчи во походот на трофеите во АБА-лигата и првенството на Србија. Оваа сезона е далеку од вистинската форма, најмногу и поради повредите. Сезонава има просек од 4,6 поени и 3,3 асистенции по натпревар.

Човиќ е син на претседателот на клубот, поради што на некои натпревари добиваше навреди од навивачите на Црвена звезда.

Огњен Кузмиќ по сообраќајната несреќа што ја имаше минатото лето не успева да се врати во вистинската форма. Неговиот просек е скромен, 4,1 поени и 3,4 скока по натпревар.

Scroll to Top