Top Sport

Ниту Азаренка нема во живо да ја види Олимпијадата во Токио

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка нема да учествува на Олимписките игри во Токио, објави денеска на друштвените мрежи.

Како образложение на ваквата нејзина одлука 31-годишната тенисерка ги наведе тешкотиите кои ги имаше во сред пандемија со коронавирусот.

Бронзената тенисерка од ОИ во 2012 година изјави дека ќе даде се од себе на ОИ во Париз во 2024 година да ја претстави Белорусија.

Азаренка го додаде своето име на долгиот список со тенисери кои нема да настапат на ОИ во Токио. Меѓу нив се нејзините колешки Анжелик Кербер, Серена Вилијамс и Бјанка Андреску, но и колегите Рафаел Надал, Роџер Федерер, Доминик Тим и Ник Кирјос.

Scroll to Top