Top Sport

Зелено’ртската Република до реми со Камерун со фантастичен гол со пета!

Фудбалската репрезентација на Зелено’ртската Република (Кабо Верде), најверојатно успеа да се пласира во втората рунда на Африканскиот куп на нации, откако извлекоа 1:1 реми со домаќинот и огромен фаворит Камерун.

Во нивна корист беше што мечот помеѓу Буркина Фасо и Етиопија заврши 1:1, со што Буркина Фасо завршија втори во групата со 4 поени, исто колку и Кабо Верде.

Винсен Абубакар со својот четврти гол на АФЦОН ги донесе Камерунците во водство во 39. минута, пред Гери Родригеш со фантастичен гол со пета да донесе важен поен за државата со нешто над 500.000 жители.

АФЦОН 2022, ГРУПА А, 3.КОЛО

Камерун – Зелено’ртска Република 1:1

Буркина Фасо – Етиопија 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top