Барселона до крајот на оваа недела има намера да го реши статусот на Усман Дембеле. Договорот на вториот најскап играч во историјата на Барселона истекува по завршувањето на сезоната. Тој се уште не се договорил со клубот околу продолжувањето на договорот. Намерата на клубот и тренерот Чави е францускиот репрезентативец да остена на „Ноу Камп“.
Усман Дембеле, дојде во Барселона како наследник на Нејмар во 2017 година, но никогаш не го покажа својот потенцијал. Речиси пола од времето во клубот, Дембеле, го мина на листата на повредени.
Барселона сака да го задржи но за помала плата од актуелната. Дембеле според договорот заработува 12.000.000 евра. За продолжувањето на соработката Барселона му нуди годишна плата од 7.500.000 евра и бонус од 1.000.000 евра по сезона.
Според медумите во Каталонија, Дембеле и неговиот менаџер треба до крајот на оваа недела да се изјаснат, дали ја прифаќаат понудата или не.
Доколку не ја прифати понудата, Барселона ќе го продаде напаѓачот во зимскиот преоден рок. Се претпоставува дека од продажбата клубот може да заработи околу 50.000.000 евра.