Top Sport

Земура најнископлатен во Премиерлигата (385 фунти неделно), Роналдо на врвот (515.385 фунти неделно)

Веб-сајтот „Спортак“ направи интересна листа на најнископлатените фудбалери во Премиерлигата, листа која покажува дека најбогатата лига на светот не е еднакво дарежлива кон сите свои фудбалери.

На првото место според платата апсолутен рекордер е Кристијано Роналдо, кому Манчестер јунајтед му плаќаат 515.385 фунти неделно, а во топ три се и Кевин де Брујне од Манчестер сити (400.000 фунти) како и Ерлинг Халанд (375.000 фунти) и уште еден фудбалер на „ѓаволите“, Давид де Хеа (375.000 фунти).

Интересна е ситуацијата на дното на листата. Џордан Земура, и покрај тоа што е постојан првотимец на Борнмут, има неделна плата од само 385 фунти. Неговите соиграчи, Џајдон Ентони и Гевин Килкени се следни на листата со 769 фунти неделно, а Шон Лонгстаф добива само 962 фунти неделно од Њукасл. И поголемите клубови даваат малку пари – Брендон Остин од Арсенал и Артур Оконкво од Тотенхем се на плата од 1.538 фунти неделно.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');