Top Sport

Зенит го избркале Ловрен поради „фашистичките“ песни и поздрави?

Хрватскиот дефанзивец, Дејан Ловрен неодамна неочекувано се врати во францускиот Лион во трансфер од 2 милиони евра од Зенит Санкт Петерсбург, и според руските медиуми клубот решил да се „ослободи“ од својот капитен поради усташките поздрави при пославата на третото место со Хрватска на СП во Катар.

Според „soccer.ru“, управата на рускиот клуб била лута поради неговите поздрави „За дом спремни“, за кои многумина сметаат дека се усташи, како и за забавата со песните на контроверзниот Томпсон.

„Не постои човек во Европа кој не го разбира гестот со крената десна рака. Марцело Брозовиќ и Дејан Ловрен ги налутија Хрватите кога ги кренаа рацете на забавата во Загреб. Исто така го извикувааа и усташкиот слоган. ‘За дом спремни’. Зенит сакаа да му го продолжат договорот, но тогаш се појави видеото“, се вели во коментарот на порталот.

Scroll to Top