Зенит Санкт Петерсбург продолжи со доминацијата во рускиот фудбал, откако во Суперкупот на Русија со 4:0 го декласираше лутиот ривал, Спартак Москва.
Иван Сергеев го отвори резултатот во 29. минута, пред поранешниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Малком да зголеми на 2:0 во 35. минута. Вендел зголеми на 3:0 во 46. минута, пред Матео Касиера да го комплетира триумфот во судското продолжение за највисока победа во еден меч од Суперкупот на Русија.