Top Sport

Среде натпревар замина во тоалет

Интересен момент го обележа дуелот помеѓу Тотенхем и Челси во Лига купот. Во финишот на натпреварот, во 78 минута, Ерик Дајер го напушти теренот и замина во тоалет. Во моментот кога тој се упати кон соблекувалната по него тргна менаџерот Жозе Мурињо.

По мечот Дајер рекол дека Мурињо не бил задоволен од она што се случило.

„Мислам дека не сите им беше јасно зошто го напуштив теренот. Кога мораш, тогаш мораѓ. Слушнав дека имаа шанса додека не бев на теренот, за среќа не постигнаа гол. Некои работи едноставно не можеш да ги запреш“, рекол фудбалерот на Тотенхем.

Откако Дајер се врати на теренот Ерик Ламела го израмни резултатот на 1:1. Подоцна Тотенхем во пенал-рулетот победија со 5:4. Првиот гол за Тотенхем во пенал-серијата го постигна Дајер.

Scroll to Top