Top Sport

Ждреб за Конференциска лига: Динамо Загреб во група со Плзен, Астана и со Балкани

Хрватскиот првак Динамо Загреб чиј член е Стефан Ристовски, ќе игра против Плзен, Астана и Балкани во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Денешниот ждреб ги одреди групите во третото по ранг европско натпреварување.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски со Абердин ќе игра против Хелсинки, чиј член е Дени Илиев, но во моментот се опоравува од повреда. Во таа група Г се и Ајнтрахт Франкфурт и ПАОК.

Трофејот во Конференциската лига лани го освои Вест Хем. Годинашното финале ќе се игра на 29 мај на „ОПАП Арена“, стадионот на АЕК во Атина.

Ждреб за групите во Конференциската лига
Група А: Лил, Слован Братислава, Олимпија Љубљана, Клаксвик
Група Б: Гент, Макаби Тел Авив, Зориа, Брејдаблик
Група Ц: Динамо Загреб, Викторија Плзен, Астана, Балкани
Група Д: Клуб Бриж, Бодо/Глимт, Бешикташ, Лугано
Група Е: АЗ Алкмар, Астон Вила, Легија, Зрињски
Група Ф: Ференцварош, Фиорентина, Генк, Чукарички
Група Г: Ајнтрахт Франкфурт, ПАОК, Хелсинки, Абердин
Група Х: Фенербахче, Лудогорец, Спартак Трнава, Нордсјеланд

 

Scroll to Top