Top Sport

Желсон Мартинс доби шестмесечна суспензија за физичката пресметка со судијата! (видео)

Новото засилување на Монако, Желсон Мартинс доби неверојатна суспензија од шест месеци за директниот црвен картон по обидот за физичка пресметка со судијата Микаел Лесаж.

Португалецот беше казнет во дуелот со Ним, во кој двапати го турна судијата, па се обиде физички да се пресмета со него, пред да биде спречен од неговите соиграчи.

Мартинс дојде во Монако од Атлетико Мадрид за 30 милиони евра и во 21 меч постигна четири гола, но сега ќе може да се врати на фудбалот дури следната сезона.

Scroll to Top