Top Sport

Жешка шлаканица за Реал во Еибар (Видео)

Фубалерите на Реал Мадрид примија жешка шлаканица на гостувањето во Еибар, во рамките на 13.коло во Примера. Еибар на „Ипуруа“ го декласира европскиот првак со 3:0.

Избраниците на новиот тренер на Реал, Сантијаго Солари, одигра лош натпревар, без енергија и без вистинска желба, поради што забележаа пораз.

Првиот гол на мечот го постигна Ескаланте во 16.минута, кога успешно заврши една полу-контра на соиграчите.

Предноста домашниот тим ја зголеми во 51.минута, одново по една брза акција, а егзекутор беше Енрих. Овој играч асистираше за третиот гол на Еибар кој го постигна Кике.

Реал по петтиот пораз во сезоната остана на 20 бода, додека Еибар го освои 18. бод и се искачи на седмото место на табелата.

Scroll to Top