Top Sport

Жестока тепачка помеѓу навивачите на Сараево и Железничар (Видео)

Жестока тепачка помеѓу навивачите на Сараево (Хордите на злото) и Железничар (Манијаци) се случила попладнево на автобуската станица во местото Олово во Босна и Херцеговина, објави порталот „Црна хроника“.

Навивачите на Сараево патувале за Бановиќи кога наишле на расипан автобус кој навивачите на Железничар ги превезувал во Бјелина.

Тука започнала жестока тепачка во која биле користени дрвени палки и камења. Според, истиот извор, оштетени биле автобусот и едно полициско возило. Полицијата уапсила навивачи од двете групи.

Scroll to Top