Top Sport

Кумановки го освоија Купот на Македонија

Ракометарките на Куманово во драматичен натпревар го совладаа Вардар 24-22 во финалето од Купот на Македонија и го освоија трофејот во ова натпреварување.

Интересен и неизвесен натпревар одиграа Куманово и Вардар во кој и покрај тоа што Куманово водеше во најголемиот дел од 60 минути, Вардар успеваше до самиот крај да ја одржи неизвесноста. Куманово дојде до почетно водство од 3-1 кое го одржуваа до полувремето за предност од 11-9.

Второто полувреме му припадна на домаќинот кој успеа да дојде и до предност од пет погодоци (14-9). Екипата на Вардар не се предаваше и успеа да ја анулира предноста на Куманово и да обезбеди напад за изедначување на 13 секунди до крајот но го не одиграа најдобро, ја загубија топката, следеше црвен картон, а потоа од пенал Куманово ја обезбеди победата.

Ана Шарановиќ со 7 голови беше најдобар стрелец во победничкиот тим, каде уште Мила Трајковиќ додаде 6 погодоци. Во тимот на Вардар, Ивона Трпевска беше најефикасна со 6 голови, додека Андреа Седлоска и Милица Николиќ постигнаа по 4 погодоци.

За најкорисен играч на турнирот (МВП) е прогласена Мила Трајковиќ од Куманово. Симона Грујовска од Вардар го доби признанието за најдобар голман, а Ана Шарановиќ со вкупно 18 постигнати голови во двата натпревари беше најдобар стрелец.

Екипата на Куманово успеа да дојде до првиот трофеј во својата историја. Вардар останува на шест трофеи во Куп на Македонија.

foto/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top