Top Sport

Жестоки казни за тепачите од Фенербахче и Галатасарај

Фудбалскиот сојуз на Турција ги објави казните за учесниците во тепачката што се случи по завршувањето на дербито помеѓу Галатасарај и Фенербахче.

Дуелот заврши без победник 2:2, а откако судијата означи крај на натпреварот се случи тепачката во која учествуваат сите, играчите и тренерите…

Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Турција изрече вкупно 43 натпревари суспензија.

https://twitter.com/goalstv3/status/1058450918885208066

Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, поради навредите што ги упатил кон судиите на прес конференцијата, нема да може да го води тимот на наредните седум натпревари. Неговиот помошник, Хасас Сас, бидејќи ги нападнал официјалните претсавници на Фенербахче е суспендиран на осум натпревари.

Суспензии од шест, пет и три натпревари добиле фудбалерите на Галатасарј: Рајан Донк, Баду Ндиае и Гери Мендес Родригес.

Кај Фенербахче најголеми суспензии добиле играчите Жаилсон (осум) и Роберто Солдадо (шест).

Хаос по ремито во дербито на Истанбул (видео)

Scroll to Top