Манчестер сити го доби Лестер во последниот меч од саботната програма во Премиер лигата. Во 27 коло, на „Кинг Пауер“, Сити славеа со голот на Габриел Жесус.
Избраниците на Пеп Гвардиола беа подобри на терени и на крајот заслужено победија. Габриел Жесус голот за победа го постигна во 80 минута. Бразилецот три минути претходно влезе во игра на местото на Серхио Агуеро кој во 62 минута не успеа да реализира пенал.
Имаа свои шанси и фудбалерите на Лестер, а најдобрата ја пропушти Џејми Варди, кој во осмата минута го погоди дирекот.
Двата тима ги задржаа своите позиции на табелата, Сити се втори со 57 поени, а Лестер зад нив со 50.