Top Sport

Жесус ќе отсуствува три месеци

Во последното коло од групата на СП, БРАЗИЛ не само што загуби неважна партија (0:1 од Камерун), туку и двајца важни играчи до крајот на првенството. Левиот бек Алекс Телес и напаѓачот Габриел Жесус се здобија со повреди на овој натпревар.

Селекторот Тите, реши резервите да настапат против Камерун, кариоките загубија и останаа без двајца играчи. Вака продолжија проблемите на Бразил со повредите бидејќи Нејмар се повреди против Србија и не се знае кога ќе се врати на теренот. Под знак прашалник е дали ќе биде во тимот утре против Јужна Кореја.

Ден откако беше објавено дека СП заврши за Жесус (25), пристигна и информацијата колку ќе биде отсутен од фудбалскиот терен. Жесус ќе мора да оди на операција на коленото, поради што ќе биде надвор од теренот до три месеци.

Тоа е огромен удар за неговиот клуб и репрезентација. Жесус има 59 настапи за Бразил, постигнал 13 гола.

Scroll to Top