Оливие Жиру брутално одговори на провокацијата што му ја испрати Карим Бензена. Напаѓачот на Реал пред неколку дена изјави: „Да ме споредувате мене со Жиру е како да споредувате Формула 1 со картинг.
Во разговор за „Бифут“, Жиру „удри“ онаму каде што Бензема најмногу го боли.
„Некои велат дека не можат да се споредат Формула 1 и картинг. Само ќе кажам дека сум светски првак што не е лошо за некој кој е за картинг“, рекол Жиру.
Инаку Жиру на Светското првенство во 2018 година на теренот мина 546 минути и не успеа да упати ниту еден удар кон голот на противниците.
Бензема за Франција не игра од октомври 2015 година поради скандалот што го предизвика кога со експлицитна видео-снимка го уценуваше соиграчот Матие Валбуена.