Top Sport

Жиру доби нов договор со Милан неколку часа по одлучувачкиот гол во ЛШ

Оливие Жиру го продолжи договорот со Милан за уште една сезона, само неколку часа откако помогна „росонерите“ да се пласираата во полуфиналето на Лигата на шампиони.

36-годишниот поранешен фудбалер на Арсенал и Челси, се приклучи на Милан во 2021 година и беше еден од клучните играчи во шампионската мината сезона. Тој вчера го постигна одлучувачкиот гол при 1:1 ремито со Наполи вчера, иако утна пенал при гостувањето во Неапол.

Ветеранот има 13 гола и 6 асистенции во 38 меча за Милан оваа сезона, а вкупно има 27 гола и 10 асистенции во 76 официјални мечеви за „росонерите“.

Scroll to Top