Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, е под знак прашалник за утрешниот реванш натпревар против Наполи во четврт-финалето на Лигата на шампионите, пишува „Газета дело Спорт“.
Искусниот Французин има болки во Ахиловата тетива на левата нога по грубиот старт на Ким Мин-Јае на првиот меч меѓу двата тима.
Тој го заврши натпреварот на теренот, но проблемот со тетивата продолжува да го мачи Жиру, кој имаше поштера на вчерашниот тимски тренинг.
Сепак, од Милан се уверени дека ќе можат да се потпрат на 36-годишниот играч во важната пресметка. Тој е најдобар стрелец на „росонерите“ во ЛШ оваа сезона со четири гола на девет натпревари.
Милан по првиот меч има еден гол предност (1:0) против Наполи, во пресрет на реваншот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.
📰 @lucabianchin7: #Giroud has a problem with his achilles heel born of the blow he received against #Napoli from #Kim. A bit of a scare for the game on Tuesday. pic.twitter.com/WWD1CbBFKM
— Milan Posts (@MilanPosts) April 16, 2023