Напаѓачот на Челси Оливие Жиру ги договорил условите околу идната соработка со Интер. Искусниот напаѓач и во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со клубот во чии предводник е неговиот поранешен тренер Антонио Конте.
„Газета дело Спорт“ објави дека челниците на Интер на напаѓачот му понудиле договор на две сезони, со можност соработката да биде продолжена во зависност од личниот тим тимскиот успех.
Истиот извор пренесува дека Жиру се согласил на дупло помала плата од онаа што ја има во Челси. Францускиот напаѓач во Интер ќе заработува четири милиони евра по сезона.