Францускиот напаѓач на Арсенал, Оливие Жиру ја освои ФИФА наградата „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол на годината.
Фантастичните обратни „ножички“ против Кристал Палас во јануари ги победи венецуелската претставничка Дејна Кастељанос и јужноафриканскиот голман Оскарин Масулуке.
Ова беше првата награда на гала-вечерата во „Лондон Паладиум“, каде што има собрано многу сегашни и поранешни ѕвезди како Диего Марадона, Роналдо, Френк Лампард, Серхио Рамос и Хери Кејн. Победниците ги одредија посебно жири од тренери и селектори, медиумски претставници и фанови.
„Пресреќен сум што го добивам овој трофеј пред легендите на спортот. Би сакал да се заблагодарам на моите соиграчи, без кои ова немаше да биде можно“, вели Жиру.