Top Sport

(ВИДЕО) Финалистите за најдобар гол минатата сезона

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави трите номинации за „Пушкаш наградата“, за најдобар гол во минатата сезона, листа на која неверојатно има и еден голман.

Голмaнот на јужноафриканскиот тим Барока постигна импресивен гол со „ножички“ во финишот на натпреварот против Орландо пајратс за израмнување на резултатот. Мечот се одигра на 30 ноември.

Втор на листата е Оливие Жиру за голот за Арсенал против Кристал Палас во меч од англиската Премиерлига на 1 јануари, додека третиот гол е дело на една девојка – Дејна Кастељанос, поставен на Светското првенство за играчи под 17 години во Јордан. Кастељанос постигна гол од половина терен за да обезбеди победа за Венецуела во дуелот со Камерун, откако противниците дадоа гол во финишот на натпреварот.


Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top