Top Sport

Жиру: Кога одбранив, се почувствував како да сум дал гол

Милан ја победи Џенова со 0:1 и се искачи на врвот на табелата во Серија А, а во последните минути на голот на „росонерите“ беше Оливие Жиру. Тој беше во улога на голман откако Мајк Мањан доби црвен картон и Пиоли веќе ги имаше направено сите дозволени замени.

Французинот одлично се снајде во голманската улога, дури имаше и една храбра интевенција кога спречи Џенова да израмни.

„Имав одлична одбрана на крајот на натпреварот и горд сум на целиот тим. Се боревме како лавови. Последната одбрана? Беше како да сум дал гол. Ќе си го врамам овој дрес“, изјави Жиру.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');