Top Sport

Зошто Марсело Биелса седи на кофа? Бидејќи е удобна!

Аргентинскиот стратег на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е посебен тренер поради многу причини – од неговата неверојатна стратегија, до страста која ја покажува и деталните анализи на противниците (што вклучува и шпиунирање). Но, една интересна мистерија е зошто седи на кофа на натпреварите на англискиот клуб.

Биелса, кој има прекар „Ел локо“ (лудак на шпански), успеа да ги врати Лидс во Премиер лигата по 16 години чекање и веќе е икона во градот. Но, зошто седи на кофа?

Едно можно објаснување е дека на „Еланд роуд“, домот на Лидс, со седењето напред пред клупата има подобар преглед на играта. Додека беше тренер во Марсеј, Аргентинецот седеше на мини-фрижидер, пред да добие кофа во Лидс. Клубот се потврди и му направи посебна кофа, заедно со седиште и со лого на клубот (која исто така може да се нарача од вебсајтот на клубот).

Тој беше запрашан на почетокот на неговото „владеење“ во Лидс.

„Сакате да ви кажам нешто повеќе од тоа што навистина е? Се работи само за кофа. Немам што да додадам. Кофата е удобна“, вели Биелса.

Гијем Балагуе, кој помогна да се сними документарниот филм на „Би-би-си“ за Биелса, вели дека причината е поедноставна – да се спречат хроничките болки во грбот поради неговото пешачење.

„Биелса оди пешки шест километри од својот дом до тренинг-центарот. Затоа мора да седи за да ја спречи болката во грбот, која го мачи од времето кога беше тренер“, објаснува Балагуе.

Scroll to Top