Француските медиуми тврдат дека агентот на Оливие Жиру утре ќе биде во Милано за да го комплетира трансферот на францускиот напаѓач од Челси за 4.5 милиони евра плус бонуси.
Претходно, „Скај спорт Италија“ вчера тврдеше дека во текот на викендот ќе се завршат медицинските тестови, но сега „РМЦ спорт“ вели дека нема причина за одолговлекување бидејќи сите услови се исполнети.
Агентот на Жиру, Мишел Мануело во Милано ќе го потпише двеиполгодишниот договор за напаѓачот, кој е последен од низата на фудбалери од Премиер лигата кои завршија во Интер. „Нераѕурите“ можат да го склучат договорот откако Матео Политано ќе заврши во Рома во „трампа“ за Леонардо Спинацола.