Top Sport

Жиру: Вредеше за црвен картон, нели?

Оливие Жиру вели дека едноставно морал да го прослави својот спектакуларен победнички гол за Милан против Специја, иако тоа значеше дека доби црвен картон: „Во мојата глава, јас сум уште дете!“.

Францускиот ветеран има 9 гола и 4 асистенции оваа сезона за „росонерите“, а голот против Специја во последната минута беше сигурно меѓу поубавите, но прославата беше скратена откако тој го совлече дресот, а веќе имаше жолт картон.

„Најважно е што имаме три поени, иако сум малку лут што добив црвен картон. Барем победивме. Ја завршив работата, ја сместив топката во голот. Таков е фудбалот, адреналинот и радоста од победата по тежок меч… Морав да прославам, во мојата глава уште сум дете“, вели 36-годишниот Жиру.

Scroll to Top