Top Sport

Јокиќ со блескава партија ги „уништи“ Спарси, Сакраменто со победа со кош од пола терен

Никола Јокиќ имаше нова НБА партија за сеќавање за ги предводи Денвер нагетс до висока 126:101 победа над Сан Антонио спарс. Со фантастични 9-од-10 од поле за 26 минути игра, Србинот постигна 21 поен и имаше 6 скока и 10 асистенции, како и две украдени топки.

Најефикасен за Нагетси беше Боунс Хајленд, кој имаше 24 поени, 5 скока и 7 систенции, Мајкл Портер додаде 15 поени, а Џамал Мареј имаше 13 поени и 9 асистенции во одлична партија на Денвер. Текот на мечот беше јасен уште по првата четвртина, која Денвер ја доби со 40:27, а на полувреме разликата беше 70:59.

Најдраматично во НБА вечерта беше во дуелот Орландо-Сакраменто, каде што гостите стигна до 126:123 победа по продолжението, благодарение на кошот на Диарон Фокс од половина терен. Орландо во текот на мечот успеа да пропшти предност од речиси 20 поени. Фокс беше најдобар за Кингс со 37 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Сакраменто 123:126 ОТ
Шарлот – Бруклин 94:98
Атланта – Њу Орлеанс 124:121 ОТ
Њујорк – Бостон 118:133
Милвоки – Оклахома 108:94
Минесота – Хјустон 129:117
Денвер – Сан Антонио 126:101
Феникс – Портланд 102:82

Scroll to Top