Top Sport

Миротиќ ја „крена“ Барселона против Фенербахче

Во драматичен меч, Барселона остана непоразена во Евролигата, откако во последната секунда Никола Миротиќ им донесе тесна 76:74 победа над Фенербахче во Истанбул.

Во израмнет меч, исходот беше решен во последните две минути, во кои Барса влезе со 70:66 водство по неспортскиот фаул над Јан Весели. Фенербахче не се откажа и благодарение на Весели, кој имаше 24 поени, ја намали разликата на два поени 74:72 на 41 секунди пред крајот. Во следниот напад, Брендон Дејвис не успеа да постигне поени, а Девин Букер одговори со забивање а да израмни на 74:74 на шест секунди до крајот.

Миротиќ, кој имаше само 8 поени во мечот, доби топка од Ник Калатес и го реши мечот во последната секунда. Хигинс имаше 18 поени, а Дејвис 16 за Барселона да остане на врвот на Евролигата со 6-0 скор, додека Фенербахче сега падна на само 2-4. Весели заврши со 24 поени и 8 асистенции, додека Марко Гудуриќ имаше 17 поени.

ЕВРОЛИГА, 6.КОЛО

Монако – Црвена звезда 70:62 (21:12, 20:24, 15:17, 14:9)

Фенербахче – Барселона 74:76 (20:15, 9:20, 19:14, 26:27)

Олимпијакос – Алба Берлин 87:83 (27:19, 25:23, 19:17, 16:24)

Макаби Тел Авив – Жалгирис 76:62 (16:20, 23:10, 19:16, 18:16)

Баерн Минхен – Олимпија Милано 83:77 (21:24, 18:15, 20:15, 24:23)

Scroll to Top