Џексон Мартинез во Поругалија ќе се обиде да ја оживее својата кариера, која по надолна линија тргна кога во јануарскиот преоден рок во сезоната 2015/2016 се пресели во Кина.
Колумбискиот напаѓач беше еден од најбараните на фудбалскиот пазар кога во 2015 година реши да го напушти Порто. Мартинез за три години во дресот на португалскиот великан (2012-2015) постигна 96 гола на 132 натпревари.
Порот во летниот преоден рок, таа 2015 година, реши за нешто повеќе од 35 милиони евра да го продаде Колумбиецот во Атлетико. За помалку од шест месеци, Мартинез, во Атлетико не успеа да ја потврди класата, поради што реши да направи непопуларен потег, замина во Кина.
Атлетико ја прифати понудата на Гвангжу Евергранде од 42 милиони евра, сума со која во јануари 2016 година клубот го собори трансфер рекордот во Азија.
Во Кина го допре дното, за две и пол години, одигра само 16 натпревари и постигна четири гола.
Џексон Мартинез сега решил да ја оживее својата кариера, поради што се врати во Португалија. Тој до крајот на сезоната че биде позајмен во екипата на Портимоненсе.
Овој тим лани зврши на десеттото место, а оваа сезона ја започна лошо и се наоѓа на последното место во португалското првенство.