Top Sport

Жоао Феликс: Челси е еден од најдобрите клубови во светот

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс официјално е претставен како нов фудбалер на Челси. Тој доаѓа на позајмица до крајот на сезоната, а потоа треба да се врати во Атлетико Мадрид.

Феликс пред да дојде во Лондон потпиша нов договор со мадриѓани со траење до 2027 година, а Челси плати 11 милиони евра за да го добие во наредните шест месеци.

„Челси е еден од најдобрите клубови во светот и се надевам дека ќе му помогнам да ги оствари своите цели. Многу сум среќен што пристигнав тука и возбуден сум што ќе играм на Стемфорд бриџ“, изјави Жоао Феликс.

Scroll to Top