Top Sport

Трагедија на релито Дакар, загина навивач откако претходно бил удрен од камион

Организаторите на релито Дакар потврдија дека за време на деветтата етапа од трката во категоријата камиони се случила несреќа во која животот го загуби еден навивач. Несреќата ја предизвика чешкиот возач Алеш Лопраис, кој со своето возило ги прегази гледачите откако ја прескокна дината и во момент кога не можеше да види што се случува пред него. Не знаејќи што се случило, продолжил да вози.

На несреќниот италијански навивач му се слошило неколку часа по трката. Му била укажана лекарска помош, но тој починал како последица на срцев удар. Трагедијата ја потврди и самиот Лопраис во изјава по трката.

„Имам многу лоши вести. Ми кажаа кога се вратив од деветтата етапа. Веќе бевме во кревет кога ми го покажаа видеото од трката каде по грешка удривме маж кој ја фотографира својата сопруга зад дина. Тој беше повреден. Имаше мачнина и вртоглавица“, изјави тој.

Scroll to Top