Top Sport

Жоао Феликс доаѓа на „Олд Трафорд“?

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо доби суспензија во Манчестер Јунајтед за непрофесионалниот однос на мечот со Тотенхем, а клубот од „Олд Трафорд“ би можел да доведе негова замена веќе во јануари.

Според шпанските медиуми, Манчестер Јунајтед нашол замена за Португалецот во неговиот сонародник Жоао Феликс од Атлетико Мадрид и ќе се обиде трансферот да го реализира во зимскиот преоден рок.

Жоао Феликс оваа сезона забележа само три асистенции на 12 натпревари, но паузираше и поради повреда на мускулот.

Scroll to Top