Top Sport

Алегри: Сега наликуваме на вистински тим

За првпат оваа сезона Јувентус оствари две последовни победи во Серија А и тренерот Масимилијано Алегри верува дека тимот постепено почнува да го покажува својот вистински потенцијал. Успехот од 4:0 над Емполи дојде неколку дена по победата од 1:0 во дербито против Торино, а добра вест за Алегри е стабилизацијата на одбраната.

„Сега повеќе личиме на тим. Добро ја започнавме сезоната, но потоа лошата недела нè врати назад. Против Емполи не беше лесно до 60. минута. Противникот притискаше и постоеше ризик да израмнат. Кога го зголемивме темпото, играта стана многу интересна, со многу шанси. Гостите се изморија и ни стана полесно“, прокоментира Алегри.

„Се поклопуваме меѓусебно во сите погледи, вклучително и физички. Во последните неколку дена тренираме многу напорно. Во вторник ни претстои важен натпревар во кој можеме да ги свртиме работите во наша корист“, изјави стратегот на Јувентус пред претстојното гостување на Бенфика во Лигата на шампионите.

Scroll to Top