Top Sport

Жоелингтон го продолжи договорот со Њукасл

Фудбалерот на Њукасл, Жоелинтон потпиша нов повеќегодишен договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“. Претходниот договор на 27-годишниот бразилски фудбалер истекуваше во јуни 2025 година.

Жоелингтон, во 2019 година се пресели од Хофенхајм во Њукасл. Тогаш тоа беше клупски рекорд, бидејќи Њукасл за Бразилецот плати 40 милиони фунти. Во изминатиот период одигра 179 натпревари и постигна 25 гола.

Бразилецот во Њукасл дојде како напаѓач, но актуелниот тренер Еди Хау ја смени својата позиција и сега игра во редот за врска. По добрите игри минатата година, тој дебитираше за репрезентацијата на Бразил и постигна гол против Гвинеја (4:1).

Инаку, Жоелингтон, поради повреда на бутниот мускул нема да игра до крајот на сезоната.

Scroll to Top