Top Sport

Жолтото БМВ и „таксистот“ Михајловиќ

Италијанскиот селектор Роберто Манчини на новинарите им раскажал анегдота од периодот кога бил соиграч со Синиша Михајловиќ во Сампдорија. Манчини и Михајловиќ заедно биле во Сампдорија во периодот од 1994 до 1997 година.

Михајловиќ во Сампдорија пристигна од Рома, во Џенова тој возел жолт автомобил „БМВ“. Анегдотата е поврзана со овој автомобил.

„Кога дојде во Сампдорија возеше жолт автомобил, мислам дека тоа беше спортски „БМВ“. Еден ден замина на железничката станица да ја чека Аријана…и додека чекал некој човек влегол во автомобилот и седнал на задното седиште. Миха се свртел и го прашал што бара во неговиот автомобил, а човекот само го прашал „зарем ова не е такси?“.

Манчини и Михајловиќ подоцна соработуваа и во Интер, во перидот од 2006 до 2008 година Михајловиќ му беше помошник на Манчини.

Scroll to Top