Top Sport

Фенербахче не поделил плати во 2020 година?

Кошаркарите на Фенербахче не примиле ниту една плата од почетокот на годината, објави специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“ повикувајќи се на свои извори.

Бидејќи оваа година се уште не добиле ниту една плата кошаркарите решиле случајот да го пријават во Асоцијацијата на играчи во Евролигата (ЕЛПА).

Турските медиуми во март пишуваа дека клубот не поделил ниту една плата, туку дека само му биле исплатени платите на тренерот Жељко Обрадовиќ. Овие шпекулации веднаш ги демантираше претседателот на клубот Семих Езсој.

Scroll to Top