Top Sport

Жорди Алба ги пропушта дуелите со Наполи и Реал Мадрид

Барселона во саботата остана без Жорди Алба. Левиот бек се повреди во победата на Каталонците над Хетафе 2:1.

Алба на теренот мина 22 минути, а поради повредата со силни болки и солзи во очите го напушти теренот. До крајот на натпреварот на позицијата лев бек играше Жуниор Фирпо.

Барселона се огласи по повод повредата на Алба. Во медицинскиот извештај се вели дека тој го повредил адукторот а левата нога.

Најверојатно Алба го очекува пауза од три недели што значи дека тој ќе пропушти два важни натпревари, првиот меч против Наполи во осмина-финалето во Лигата на шампионите и дербито со Реал кое на програмата е на 1 март.

Доколку прогнозите се точни Алба треба да се врати во составот на 7 март за натпреварот со Реал Сосиедад.

Scroll to Top