Top Sport

Осака си најде нов тренер, повторно со „врски“ од семејството Вилијамс

Светската тенисерка број 1, Јапонката Наоми Осака го ангажираше поранешниот тренинг-партнер на Венус Вилијамс, Џермејн Џенкинс како нов тренер неколку недели откако се раздели со поранешниот тренер на помладата сестра Вилијамс, Серена, Германецот со српско потекло, Саша Бајин.

21-годишната двократната гренд слем шампионка му посака добредојде на Џенкинс во нејзиниот тим, иако тој неодамна беше ангажиран како тренер на Американската тениска асоцијација (УСТА). 34-годишниот Џенкинс работеше со Венус пред неколку години помагајќи и да стигне до финалињата на Австралија опен и Вимблдон во 2017 година.

Осака ненадејно реши да го отпушти Бајин само две недели по нејзиниот триумф на Австралија опен, иако тој и помогна да освои две гренд слем титули во низа и ја искачи од 68. место на првото место на ВТА листата. Таа при отпуштањето изјави дека личната среќа и е поважна од успехот на теренот.

„Не сакам да бидам некоја која успехот го става пред среќата. Бидејќи не сум среќна покрај одредени луѓе, нема да се мачам“, изјави тогаш Осака.

Светската тенисерка број 1 Осака го шутна тренерот Бајин

Scroll to Top