Фудбалскиот клуб Челси со доаѓањето на Маурицио Сари на менаџерската позиција, радикално го смени стилот на игра. Познато е дека Сари инсистира неговите тимови да го контролираат поседот, а неговата филозофија експресно ја прифатија играчите на Челси.
Вчера, во Њукасл и триумфот 1:2, Челси имаше посед на топка од 80 отсто, а целата игра се вртеше околу Бразилецот кого Сари го донесе од Наполи, Жоргињо.
Жоргињо имаше дури 158 успешни додавања, што е повеќе од она што го имаше целиот тим на Њукасл. Играчите на менаџерот Рафа Бенитез во текот на целиот меч имале само 131 успешно додавање.
Инаку, низ историјата во Премиер лигата, рекордери според бројот на успешни додавања се фудбалерите на Манчестер сити, Илкај Гундоган (167) и Фернандињо (164).
Jorginho completed more passes today than Newcastle United did.
Jorginho: 158 passes completed
Newcastle: 131 passes completed
The magician. pic.twitter.com/1hWtls7p2e
— Uber Chelsea FC ? (@UberCheIseaFC) August 26, 2018