Top Sport

Жоржињо за Златната топка: Не сум талентиран како други, ама годинава освоив се!

Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Жоржињо даде свој коментар за потенцијалното освојување на Златната топка
Според обложувалниците, фаворит е Лионел Меси кој Аргентина ја однесе до титулата на Копа Америка. Втор фаворит е Роберт Левандовски, додека трет е Кристијано Роналдо.

Обложувалниците како четврти фаворит го сместуваат Хари Кејн, а Жоржињо е дури осми.

„Секако дека ја сакам Златната топка, но искрено, се зависи од критериумите по кои таа награда се доделува. Ако зборуваме за талент, јас знам дека не сум најдобриот во светот. Како би можел јас да се споредувам со Меси и Роналдо? Тие се потполно поразлични играчи. Но ако се титулите критериум, тогаш никој не освоил повеќе од мене оваа сезона“ – рече Жоржињо.

Scroll to Top