Top Sport

Србите без Јокиќ во квалификациите за СП

Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс, го одбил повикот на селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, за квалификациските натпревари што се на програмата во септември.

„Не можеме да сметаме на услугите на Јокиќ. Со нас ќе бидат Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица, а се надеваме дека на повикот ќе одговорат Бобан Марјановиќ и Милош Теодосиќ“, изјавил помошниот на селекторот, Јовица Антониќ.

Јокиќ решил целосно да му се посвети на клубот во пресрет на новата сезона, во која Денвер ќе влезе со големи амбиции. Српскиот центар ова лето потпиша неверојатен договор со оваа франшиза, за пет години тој ќе добие 148 милиони долари.

Scroll to Top