Top Sport

Жозе Мурињо наредната сезона ќе ја предводи Рома

Рома најдоа тренер за наредната сезона. Клубт на својот профил на Твитер, објави дека нов тренер ќе биде Жозе Мурињо.

„Среќни сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со Жозе Мурињо. Од сезоната 2021/22 тој ќе биде нашиот нов тренер“, стои во објавата.

Рома претходно објави дека Паоло Фонсека ќе ја заврши сезоната и потоа ќе го напушти клубот.

Мурињо, пред две недели доби отказ во Тотенхем. Клубот од Лондон тој го предводеше 17 месеци.

Португалецот по цела повеќе од една деценија повторно ќе работи во Серија А. Во сезоната 2009/2010 тој со Интер ја освои триплета.

Мурињо во кариерата бил тренер на Порто, Челси, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top