Top Sport

Мејведер и Мекгрегор подготвувале нов меч?

Мега ѕвездите во боречките спортови, Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор се подготвуваа за нов меч. Овие двајца ги вкрстија ракавиците, според боксерските правила, а мечот кој беше најавуван како спектакл се претвори во фарса и заврши со победа на боксерот Мејведер.

Медиумите, повикувајќи се на изјава на таткото на Мејведер, пренесоа дека ривалите се подготвувале за реванш.

„Се ‘шушка’ дека ќе има реванш. Не сум сигурен, само го зборувам она што сум го слушнал. Мојот син сака повторно да се бори, истото го сака и Мекгрегор, кој сака да им покаже на луѓето колку знае, а не знае ништо. Убеден сум дека овој пат ќе го изнесат на носилки“, рекол таткото на боксерот Флојд Мејведер сениор.

Мејведер и Мекгрегор повторно би се бореле според боксерските правила. Интересот на медиумите и спонзорите, за новата борба е огромен, што значи дека двајцата повторно ќе заработат големи суми на пари.

Scroll to Top