Top Sport

Зидан бара трпение и поддршка од навивачите на Реал

Реал Мадрид повторно не успеаја да победат, откако Реал Валјадолид во финишот на мечот извлече поен на „Сантијаго Бернабеу“ (1:1), по што тренерот Зинедин Зидан побара поддршка и  трпение од навивачите, признавајќи дека тимот е под голем притисок по проблемите од минатата сезона.

Карим Бензема во 82. минута го скрши отпорот на гостите, но Серхи Гвардиола погоди во последните минути за убав поен за гостите. Ова е уште една работа која тргна наопаку за „Лос бланкос“ по летото во кое имаше трансфер-сага на Герет Бејл и Хамес Родригез, слабите резултати на пријателските мечеви и повредата на Еден Азар. Зидан го чувствува притисокот.

„Го забележав тоа на ’Бернабеу’, дури и публиката го чувствува притисокот. Фановите мораат да ни помогнат. Нема друг избор. Знам дека е тешко, и го барам тоа бидејќи тие уживаа во нашите успеси и мораат да не поддржат сега. Ние ќе го дадеме нашиот максимум на теренот. Мораме да бидеме подобри, да играме добро 90 минути. Денеска не е доволно 50 или 60 минути за победа“, вели Зидан.

Scroll to Top